Многу видови на дрвја ги надживуваат оние кои ги садат, но многу малку има цвеќиња со толку долг животен век а таков е Божурот или на лат. Paeonia. Овие повеќегодишни билки, кои многу лесно се одржуваат, можат да живеат (цветаат) над сто години. Така што и децата и внуците може да уживаат во Божурите кои вие сте ги засадиле.
Божурите се со многу бои, во бела, корална, црвена, розова…Иако, ова цвеќе сака постудена клима, постојат видови кои растат и во топлите краеви. Божурите треба да се садат на сончева страна или места кои имаат најмалку 6 саати сонце во текот на денот. Тие сакаат благо-кисела почва или неутрална ама порозна, затоа што е потребно божурите да се соединат со земјата. Развиваат длабоки корени и не сакаат многу да ги допираат. Пред да ги насадите треба убаво да ја подготвите земјата, а онаа со која ќе ги затрпате одозгора убаво би било да се помеша со хумус. На дното треба да ставите ѓубриво кое ќе го покриете со тенок слој на земја, за да може да правите размножување на цвеќето. Луковиците не ги закопувајте многу долу, најмногу до 5 см во земја. Најдобро време за садење на божур е во есен и тоа пред првите студови и мраз, од средината на септември до средина на октомври. Првата година немој да очекувате цветови.
Божурите, кои ќе израснат високо со големи цветови секогаш се врзуваат со прачка, така што нема да се скршат и да ја изгубат формата. Мравките кои редовно се појавуваат околу божурите,треба многу внимателно да се уништуваат за да не се уништи цветот. Тие се хранат само со нектар божур кој е многу корисен, бидејќи тоа ќе ги отстрани сите несакани инсекти кои можат да се појават кај божурите, како што се aphids. Божурите не сакаат многу да ги допирате а можат да се размножуваат кога се дели коренот, т.е. се вади цел корен и полека се дели и повторно се ставаат во почвата. Често, божури кои биле одгледувани на овој начин нема да можат да цветаат неколку години,но потоа ќе добиете преубави цветови кои ќе цветаат со децении. Ако ги садите во групи, тоа правете го на растојание од еден метар до метар и половина.
Едноставно Божурите се многу убави цвеќиња, кои може да се користат како сечено цвеќе. Божур во вазна може да трае и до десет дена, ако редовно му ја менувате водата.
Конечно, ви го препорачуваме како убаво цвеќе, со долг век на траење и го има во неколку варијанти и бои.
Превод од српски-Т.Гогоска
Извор https://nekretninebl.com/bozur-cvijece-koje-ce-vas-nadziviti/