Како дел од активностите на проектот „Формирање на краток синџир за снабдување со храна од локални производители“, во тек се обуки за мали производители на локални производи и домашни продукти, на кои ќе се претстави концептот „Кратки синџири за снабдување со храна“, преку кој овие производители ќе бидат обучувани како директно да ги продаваат своите производи до крајниот купувач. Обуките ќе бидат одржани во Гевгелија, Богданци и Валандово.
– Малите производители на храна од Гевгелиско – Валандовскиот регион кои произведуваат сезонски производи имаат проблем при откупот на нивните производи. Затоа, со овој проект ќе се воспостави и тестира нов систем на директна продажба на земјоделски производи од познат производител до заинтересирани потрошувачи или група на потрошувачи чии побарувања се во поглед на квалитетот на храната, начинот на испорака (со што помалку контакти/врски) и стекнување доверба на релација производител – потрошувач. Заинтересираните земјоделски производители кои ќе присуствуваат на настанот, понатаму ќе имаат можност да бидат дел од проектните активности со кои ќе бидат запознаени на самиот настан, истакна Ристо Атанасовски, одговорно лице на Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии од Гевгелија. Проектот „Формирање на краток синџир за снабдување со храна од локални производители“, одобрен во рамки на Програмата за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации за 2021 година