Клубот “Лоза” го враќа традиционалниот женски маскенбал

По пауза од неколку години, се враќа познатиот
женски маскенбал на Клубот на жени со визија “Лоза” од Скопје.
Имено, преку шеесеттина учеснички и по некој учесник ќе го изведат маскенбалот во среда на 29 Март 2023, во ресторанот “Камин Кама” во Ѓорче Петров од 18 часот.
-Враќањето на маскенбалот беше неизбежно, поради големиот интерес. Клубот “Лоза” две децении наназад во текот на годината редовно организираше бројни настани, особено со хуманитарен карактер, па некако маскенбалите ни доаѓаа како оддишка од сите тие ангажмани, вели претседателката Лоза Илиевска.

Во согласност со традицијата, порано Прочка беше денот кога “Лоза” го одржуваат овој интересен и најмасовен женски маскенбал во Скопје, со богата програма, музика, дружба и избор на најубави маски.
“Тито и Јованка” со познатиот хуморист Ранко Рангелов, беа едно од препознатливите обележја на овој маскенбал пред неколку години.
Потоа маскенбалот, поради познатите причини замре, а сега, по таа мала пауза, на среќа на учесничките, се враќа назад. Ќе има и изненадувања во програмата.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.