Утре, петок, 5- ти Мај 2023 година, во 12 часот, незадоволни пензионери ќе одржат протест кој ќе се одвива пред Здружението на пензионери во Бутел, на ул. “Александар Урдаревски” бр. 17 до оградата (северна страна) на Пазарчето Бутел.
-Тука сме да го кренеме нашиот глас против неспроведување на избори; злоупотреба на пензионерските пари, нетранспарентност и неотчетност. Бараме отворено и смело: оставка на досегашното раководство на Здружението, кое тера четврти мандат, велат од Иницијативниот одбор, кои велат дека всушност протестираат против сите нерегуларности на Здружението ,,Бутел”.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.