Поминаа речиси 15 години откако омилената македонска музичка легенда Тоше Проески замина во вечноста, но споменот за него е жив кај голем дел од бројната публика, а и постојано оживува преку разни форми.
Една од оние гестови на почит , кои навистина збунуваат, но и восхитуваат, е гестот на вработените во лабораторијата во поликлиниката на Бит Пазар. 15 години потоа, од годината кога не напушти, па сѐ досега, на истото место е залепен постер од Тоше, кој беше објавен во едно списание непосредно по неговото заминување.
“Легендите никогаш не умираат” не е само фраза, тоа се покажува во вакви случаи.
Не само што, разбирливо, вработените постерот го чуваат во знак на почит кон Тоше во чест на неговата совршена талентираност за музика, убавина, и благородна хуманост, туку оваа фотографија, направена за време на неговиот втор концерт на Градскиот стадион во Скопје во 2006 година, измамува и насмевка и надеж и кај пациентите. И воздишка.
Тоше сѐ уште на ѕидот во поликлиниката “Бит пазар”
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.