24 Мај 2024 година
Денес е голем Празник Свети Кирил и Методиј, 24 мај, и е неработен ден во Македонија
Свети Кирил и Методиј се словенски просветители.
Свети Кирил и Методиј- македонски браќа од Солун во IX век, кои станале мисионери на христијанството помеѓу Словените од Голема Моравија и Панонија. Преку нивната работа тие влијаеле врз културниот развој на сите Словени, поради што ја добиле титулата Апостоли на Словените. Тие се заслужни за изумување на глаголицата, првата азбука искористена да се препише старословенскиот јазик.
По нивната смрт, нивните ученици ја продолжуваат нивната работа и дејност помеѓу Словените. Двајцата браќа се почитувани во Источната православна црква како светци со титулата Еднакви со Апостолите. Во 1880, Папата Лав XIII ја вовел нивната слава во календарот на Римокатоличката црква. Во 1980, Јован Павле II ги прогласил за созаштитници на Европа, заедно со Бенедикт Нурсијски.
Епископи и свештеници; Еднакви на Апостолите; Заштитници на Европа; Апостоли на Словените
Роден
826 или 827 и 815, Солун, Егејска Македонија (тогаш во Византија)
Починал
14 февруари 869 и 6 април 885
14 февруари (денешен римокатолички календар); 5 јули (римокатолички календар 1880-1886); 7 јули (римокатолички календар 1887-1969)
11 мај (Источна православна црква)
5 јули (Чешка и Словачка)
Обележја
браќа прикажувани заедно; источни епископи држејќи црква; источни епископи држејќи ја иконата на Страшниот суд Често, Кирил е прикажуван како носи монашки хабит и Методиј облечен со елек и омофор.
Заштитништво
Македонија, Бугарија, Чешка (вклучувајќи ги и Бохемија и Моравија), Екуменизам, заедницата на Источната и Западната црква, Европа, Словачка.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.