Снежана Паноска, поет која живее во Прилеп родена е во 1955 г. во Струмица а долги години живее во Прилеп. И покрај тоа што професионалниот живот и бил поврзан со економијата, таа својата креативност ја преточувала низ годините преку пишаниот збор.
Има објавено три стихозбирки поезија “Песни од мојата душа“, која го освојува првото место на конкурсот објавен од страна на Здружението “Нова “ Битола, стихозбирката “Илјада ѕвезди“, која ја освојува првата награда на конкурсот на Просветните работници на Р.Македонија и “Слики од животот“ која ја освои престижната плакета на Конкурсот на Здружението “Нова“ од Битола за посебен придонес во литературата и културата во РМ како и трета награда на конкурсот на Просветните работници на Р.Македонија , за стихозбирката “ Слики од животот“ ,“Животен копнеж “.
Со првата стихозбирка за деца “Брзозборливо“, наградена со второ место на Конкурсот на Просветните работници на Р.Македонија во 2018г.
Има освоено прва награда на манифестацијата Поетска гала 2017г.Неготино за најдобра песна,прва награда за најубава песна на манифестацијата Македонска лирска поезија 2018г.во Неготино.
Исто така нејзината песна “Да се вратам“,ја има освоено третата награда на “Мариовско мегленските средби,во 2016г.
Член е на Клубот на литературни творци Прилеп,на здружението на просветни работници-литературни творци од 2015г.
Учество во македонски зборници: Современа македонска поезија во издание на Златно перо-Битола, Зборник на посветен на Блаже Конески- Проста и строга македонска песна, Манастирско ехо- Здружение Висарион од Демир Хисар, Зборник Поетски пораки за мир- Здружение Нова-Битола.
Меѓународни зборници- Зборник- Синѓеличеве чегарске ватре -Ниш .
2017,2018 г. Панонски галеб –српски звичајни клуб Суботица, Зборник Горе Лиле у очи Илина – Пелагичево (2016 и 2017 г.),Зборник на меѓународниот поетски маратон Никола Васиќ Тополовачки, Зборник на книжевниот клуб Прота Васа Живковиќ Србија,Зборник “Премин на здружението “Контекс“ Струмица . Добитник е на повеќе награди за кратки раскази а во припрема за пешат е и првата збирка на кратки раскази.
Добитник на 3 Ноемвриска награда на град Прилеп, за посебен придонес во литературата и културата.
Снежана иснпирацијата ја црпи од родниот град Струмица и детството поминато таму, од семејството кое неизмерно го сака, од убавините на Македонија, од природата, едноставно од љубовта со која е опкружена. Таа за својата инспирација вели : -„Низ поезијата , јас ја оставам својата душа на хартија, ме ослободува од секојдневните проблеми, ми помага да ги опишам своите чувства, ме ослободува од тагата, ми ја поттикнува радоста. Најмногу се надевам дека оној што ќе чита, ќе најде радост и утеха во моите стихови“.
Јас ја запознав по повод промоција на нејзината збирка за деца,во една преубава септемвриска топла квечерина и навистнна сметам дека Снежана има што д аим понуди на читателската публика во свите стуиови и дела.
СЕНКИ
Нашите сенки чекорат заедно ,
но не се допираат.
Една покрај друга се движат,
скалило по скалило искачуваат,
секоја за себе живее свој живот
не се прегрнуваат.
Секоја својата страна си ја чува.
Грчевито опстојува во недопирот.
Не се сретнуваат,
за да продолжат секоја за себе.
Мојата на кај мене,со мене .
Твојата накај тебе,со тебе .
Нашите сенки се само наши .
Но ние сме сами во недопирот,
сами со себе во неспокојот,
без зборови и без прегратки .
Без топлина.
ДОЖДОВИ
Кога во душата ќе наврнат ладни дождови,
земи си мантил,облечи си чизми,
собери ја косата под капа и прошетај.
Фрли еден опул кон расцветаната роза
насмевни му с ена уличниот свирач,
запеј песна безгласна,
подај му рака на патникот ненемаерник,
повијак тајфа свирачи,
засвири музика позната.
И продолжи
Насмевни му се на новиот ден,
па и дождот носи убаво време,
багослов од земјата,богат род
олеснување,
смирување на билката.
Плачи со нив,
стопи си со браздите,
со потоците у реките
верувај,
ќе ти биде подобро
и дождовите нсат своја убавина,
па и студени да се
верувај.
(Од стихозбирката „Слики од животот“
Пишува М-р Татјана Гогоска