Вчера, 16.11.2021 година, му беше доделена “Цветиновата награда за мир” на Проф.Д-р Коста Балабанов, историчар на уметноста, научен работник, публицист, дипломат .
Вчера беше и 75.годишнината на УНЕСКО, Организација за мир, наука, образование и култура на ОН. Затоа беше одбран овој датум, за овенчување со оваа награда.
Професорот Балабанов уште од почетокот на 90-те години го поддржуваше во неговата мисија за мир со цвеќето.Тогаш напиша и еден есеј “Живко А. Поповски во борбата со црниот коњ”, и тоа му беше и како патоказ понатаму.
Во 1994 година му отвори изложба во МНТ под наслов “Здравје Мир”која беше донирана за Клиниката за нефрологија. Исто така како претседател на Здружението за македонско- јапонско пријателство (во кое и Цветин беше еден од основачите) беше промовирана “Мисијата во Земјата на изгрејсонцето”.
Свое учество Балабанов имаше и во документарниот филм на МТВ ,”Цвеќето на мирот”, во 1994 година .
Инаку со негова поддршка му е испратено писмо и слика од Цветин на Императорот Хирохито при неговото устоличување во 1990 година.