Ретвитни оброк“ слави пет години постоење. Оваа организација пет години им обезбедува оброк на бездомниците, делејќи им го секоја сабота кај спомен-домот на Мајка Тереза, на улицата „Македонија“, во центарот на градот.
5 години #РетвитниОброк
5 години од првите 5 поделени оброци
5 години во кои повеќе од 260 петоци се готват над 120 оброци.
5 години во кои секој викенд, па и за време на поплави и пандемии, секој гладен добива оброк.
Но, овие 5 години не се само бројки.
Овие 5 години се вистинска дружба, поврзување со луѓе кои од непознати ти стануваат блиски како семејство, полни со среќни и тажни моменти кои се делат заеднички, многу организација, многу сечкање, мешање, печење, па и карање и смирување.
5 години инспирација, одговорност, логистика, задоволство и гордост, да се биде дел од нешто толку спонтано, а толку организирано, но најмногу од сѐ искрено и хумано.
5 години кои менуваат животи!!!