Таму беа засадени и цвеќиња, во чест на празникот Цветници. Поетите Горан Анчевски и Оливера Јовановска рецитираат свои стихови посветени на Цветин, додека шаховскиот шампион Димитар Илиевски прочита поезија од Мендо Димовски.
Делегацијата потоа ја посети и клупата на Горан Стефановски во Дебар маало, каде повторно одекна поетска реч и поставија цветна лента во знак на почит кон великанот.
Вториот дел од програмата се одржа во кафуле во трговскиот центар Бисер.
За значењето на актерот Чоревски зборуваа професор д-р Ванѓа Радевска, поетот Анчевски, а Цветин свечено им ги додели заслужените награди, за нивниот целокупен придонес во неговата мироносна активност.
Во таа пригода познатиот драматург Ристовски, примајќи ја наградата, одржа беседа за нашиот славен уметник.
Чоревски е роден во Велес на 9 септември 1947 година. Завршил Театарска академија во Софија во 1971 година. Член на Драмскиот театар од 1971 година. Бил директор на Драмскиот театар од 1983 до 1998 година, заменик-министер за култура во Владата на Македонија 1998 до 2001, како претставник на ДА и претседател на Советот на град Скопје, каде бил разрешен на 21 јануари 2008.
Чоревски е добитник е на голем број на награди, како во поранешен СФРЈ, така и во Македонија:
Златен ловоров венец на Малите и експерименталните сцени во Сараево во 1976 година,
Стериината награда во Нови Сад во 1979 година,
Награда за најдобра епизодна улога на Стерииното позорје,
Награда за најдобро глумечко остварување на Игрите „Војдан Чарнодрински“,
Најпопуларно ТВ лице според анкетата на весникот „Вечер“,
Награда за најдобро глумечко остварување на филмот и телевизијата според анкетата на ревијата „Екран“ во 1984 година.
Лауреат и на Највисокото опшстествено признание на Република Македонија, Наградата „11 октомври“.
Награда Климент Охридски 2004 година
„Златна маска“ што весникот „Вечер“ ја доделува во рамките на „Охридско лето“ во 2007
Награда „Петре Прличко“ во 2009 година
Награда за животно дело Војдан Чернодрински во 2015 година
Награда Свети Јоаким Осоковски во 2018 година
Награда Ристо Шишков во 2018 година
Награда Васил Иљоски во 2022 година
***
Гоце Ристовски живее и работи во Скопје. Работел како новинар во Нова Македонија. Декан на Факултетот за театарски уметности на Меѓународниот универзитет Еуропа прима. Член е на Друштвото на писателите на Македонија, Сојузот на литературни преведувачи на Македонија, на Балканската мрежа за култура и културолошки студии, на Здружението на новинарите на Македонија, на Светската асоцијација на театарски критичари.
Негови текстови, литературни и театарски прилози и критики и научни студии се објавувани во „Слободна Далмација”- Сплит, „Поља”- Загреб, „Спизалит”, „Разгледи”, „Магазин 21”,„Млад Борец” „Сцена”, „Театарски гласник” и на повеќе портaли во земјата и странство, а негови книги се продаваат на значајни интернет продавници и библиотеки во САД и Европа и се чуваат во еминетни светски библиотеки – Библиотеката во Стејт Департментот во САД, Националната библиотека на Франција, Националната библиотека на Полска, Националната библиотека на Австралија, библиотеката на Универзитетот во Стенфорд и др. За него постојат бројни референци на Интернет, а негови текстови се пренесувани на многу портали и веб страници, преведувани и на англиски. Бил аналитичар во рамките на проектот на УСАИД за зајакнуивање на медиумите во Македонија, подготвувајќи критички анализи на дискурсот.
Неговата драма „9” е праизведена во 2016 г. на Големата сцена во Културниот центар во Нови Сад а преведена е на е на јазици на поранешните југословенски републики, на бугарски и на руски јазик. Македонската премиера беше на крајот на 2021 година.
Во 1999 година ја добил Единствената државна награда за новинарство и публицистика што ја доделува Собранието на Република Македонија, за монографијата „Шишков”, добитник е на втора награда на конкурсот на „Студентски збор” за краток расказ, на наградата „Прозни мајстори” за романот „Врамување во пустелија” на книгоиздателството „Феникс”, на меѓународната награда Ergo sum за афирмација и популаризација на театарската уметност, на наградата „Свети Јоаким Осоговски” за особен придонес за македонската култура и театар, на наградата Скриптфест за филмско сценарио и други признанија.
Валентина Ѓоргиевска Парго