Во овие месеци на светска пандемија и ограничување во движењата ,што доведоа до повеќе време да поминувате во домот, луѓето што живеат во станови се соочија со уште еден голем проблем. Предност имаат оние кои имаат тераси па дел од вишокот време можат да го поминуваат уредувајќи ги.
Една од идеите за мала промена, наместо цвеќе може да засадите зеленчук кој ќе ви донесе и украс на терасата но и употребна вредност.
Неколку идеи за зеленчуци :
-Насадете шери кои се црвено украсни но и многу вкусни. За нив треба да се знае дека бараат многу сонце и вода.
-Малите пиперчиња ( жолти, црвени, зелени) феферони ,чили или бабури секако ќе ви ја разубават околината но и ќе се радувате на секој плод што ќе го соберете.
-Босилек, за убав излгед и мирис кој смирува а воедно ќе ве брани од летните комарци
-Мала рукола, магдонос а можете и некој морков во соодветен сад. Секако според желбите можете да насадите некоја роквица, марула па и кромид.
Елена Максимовска