Утре почнува голем новогодишен базар со 68 ракотворци

Во пресрет на новогодишните празници, од 15 до 31 декември 2024 годиба, ќе се одржи досега најголемиот Новогодишен базар на првиот кат во Скопје Сити Мол со учество на 68 индивидуалци- ракотворци.

Со разновидната понуда на Новогодишниот базар посетителите ќе можат да ја почувствуваат предновогодишната магија и да уживаат во модерни брендови, кои нудат уникатни производи.

Новогодишни сувенири изработени од фин бетон, персонализирани лампиони, детски новогодишен декор, меки текстилни кукли за елка, накит изработен од текстил, уникатни филигрански дизајни, новогодишни украси од глина и епоксидна смола, новогодишни беџови, честитки, новогодишни пакетчиња за Secret Santa, додатоци за книги, рачно нацртани новогодишни честитки во акварел техника, иновативни креации од кожни аксесоари, чанти, шапки, веганска козметика за природна нега, шарени керамички приказни, еколошки восочни обвивки, колачиња во духот на претстојните празници, рачни везови, облеки за миленици, рачно изработени сапуни од природни масла и путери, свеќи и производи од соја и чист восок, рачно изработени волнени ракавици и шалови, рачни изработки од бегалците и барателите на азил во нашата држава, вклучувајќи честитки, накит, слики, шолји за чај, платнени торби и привезоци, украси во мандала уметнички стил и инсталации и аранжмани со воздушни билки.

Во првата група артизани од 15 до 20 декември ќе се претстават современите занаетчии: Ателје Израз, Small piece of joy, tilia.organica, Unique Corner, KP Crafts, Работилница Булка, Девојчето со книгите, MarkovskiART, Beton Pots, Julia Barbun, NallaThePittie Shop, Love Corner, StitchMe Embroidery, BAMBUS, Катарина Дода, V.P_HANDMADE, ТИНОСКИ, Ателје Сиена, Art Studio Pleni, Studio23, CAROLINE HANDMADE и Надеж далеку од дома #WithRefugees.

Во втората група ракотворци од 21 до 25 декември ќе настапат: DIOSA Macrame, Mh CandleCo, GAIA, ЕСоапери- природна козметика, 5 до 12, ByMimi Cosmetics, StarDust Jewelry, Атеље за рачни изработки Craft Time, Мое Катче, Витрум Студио, AZSU ACCESSORIES, ARTNOK, Cariño handmade gifts and accessories, Marcy’s handmade, Stardust Kejt Rakotvorbi, Julie Decoupage, Френкли, Станка Димитрова, Весна Зафировска, Карло Хорват, Red и Студио Кристина.

Во третата група занаетчии од 26 до 30 декември зад новогодишните штандови ќе бидат: Crochet by Fosi, Ваша мала башта, Glow Natural, Epoxy handmade by clay, Елена Ристовска, МАТРЈОШКА, Pinkocrafts, M&M Luxury Soap Bouquet, Monkdolls, Filigree LARGO, ZenZeal, Pika.Jesmonite, Solar creations, Марта Пејоска, Пекара Ваташа, BLOOM, ДОБРО МИ СТОИ, Balkocrafts, DALA HANDMADE, Шарено ќоше, Лумен, Еко восочни обвивки, Ignea cosmetics и Mandala Magic.

Новогодишниот базар ќе биде отворен и на 31 декември до попладневните часови.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.