Голем интерес за реализација на проекти од спортот и културата

Гевгелија, 11 јануари 2022

Согласно објавените Конкурси од страна на Општина Гевгелија за финансирање на проектни активности од областа на
културата и спортот во 2022, годинава, голем број физички и правни лица доставија апликации за добивање финансиска поддршка, за реализација на традиционалните, но и многу нови манифестации во градот. Во законскиот рок по Конкурсот за култура, во Општина Гевгелија пристигнале 49 апликации, додека
по Конкурсот за спорт, 41 апликација. Повеќето од апликантите се: културни институции, самостојни уметници, невладини здруженија,
самостојни спортисти и спортски клубови од општина Гевгелија, но и од други градови во државата.
По разгледувањето на апликациите, резултатите од Конкурсите ќе бидат објавени во вид на Програма за финансирање програми и проекти од областа на културата од интерес на Општина Гевгелија за 2022 година и Програма за финансирање програми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот од интерес на општина Гевгелија за 2022 година, кои се очекува да бидат донесени на некои од наредните седници на Советот на Општина Гевгелија во новата година, а ќе
бидат објавени во Службен гласник и на веб-страницата на Општината.
Исто така, ќе бидат донесени и Програмите за финансиска поддршка на Месните заедници и Невладините организации од општина Гевгелија за 2022 година. А, по нивното донесување истите ќе бидат објавени во Службен гласник и веб-страницата на Општината.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.