Гевгелија, 6 јуни 2022
Изминатиов викенд, во пштина Гевгелија, во Негорските Бањи, се одржаa Меѓународна изложба на расни кучиња и две изложби на ЦАЦИБ, во организација на Кинолошкото друштво
„Кожуф“- Гевгелија. На дводневниот настан, учествуваа претставници од десетина земји од Европа: Полска, Украина,Чешка, Бугарија, Србија, Грција, Романија, Хрватска, БИХ, Германија.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, кој, исто така, присуствуваше на Меѓународната
изложба „Гран при Гевгелија 2022“ година, во своето обраќање им
посака добредојде на сите учесници, посетители и судии.
Имено, задоволен од огранизацијата, истакна: Особено, ме радува што се присутни поголем број гости од земјава и од странство, затоа што тоа придонесува во промовирањето на општина Гевгелија и нејзините можности за развој на туризмот. Гевгелија е позната по пријатната клима, прекрасната храна и гостопримството.