4-ти АПРИЛ – СВЕТСКИ ДЕН НА БЕЗДОМНИТЕ ЖИВОТНИ
По повод 4-ти Април, СВЕТСКИОТ ДЕН НА БЕЗДОМНИТЕ ЖИВОТНИ, ЈП Лајка почнува кампања со цел подигање на свеста за подобрување на благосостојбата на бездомните животни и градење на култура за вдомување на бездомно животно.
Тие велат:
Секоја година ширум светот илјадници бездомни кучиња страдаат од глад, студ, ризик од топлотен удар, малтретирање, ризик од труење, појава на болест, смрт итн.
Во чест на овој ден ги советуваме сите граѓани:
да им обезбедат засолниште на своите маалски миленици;
да постават садови за храна и вода на местата каде најчесто се стационираат бездомните животни во нивното маало;
да донираат храна, ќебенца, поводници, околувратници и други дополнителни реквизити во некој локален шелтер;
да дадат поддршка на здруженијата и организациите за заштита на животни;
да вдомат бездомно животно (маче или куче);
Како дел од оваа кампања ги покануваме сите љубители на кучиња, наши досегашни вдомувачи, пријатели, соработници и активисти да ни се приклучат на второто пролетно дружење со кучињата од прифатилиштето на ЈП Лајка, оваа сабота 9-ти Април 2022година, од 11:00 до 14:30 часот во Градскиот Парк во Скопје, збирно место Фонтана.
Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да шетаат некое од кучињата згрижени во ЈП Лајка, може да ги разгледаат на нашите социјални мрежи и да го одберат своето омилено со тоа што ќе се пријават на нашата електронска адреса [email protected] Потоа нашите вработени ќе им дадат одговор дали тоа куче е соодветно за да биде дел од оваа наша активност која ќе се спроведе овој викенд.