Глас на милениците- За Македонското овчарско куче-Караман, границите се повеќе отворени

Убава вест ги израдува љубителите, поддржувачите, одгледувачите и сопственици на Македонското овчарско куче Караман овие денови.

“Кинолошкиот сојуз на Р. Македонија” го закити Македонското овчарско куче- Караман со уште две меѓународни признанија. Така што кинолошките граница за МОК Караманот отсега се отворени од страна на три држави: Бугарија  од 2018, а Хрватска и  Словенија од 2020-та тековна година.

Како што вели Илија Каров, Претседател на ККМОКК, ова  подразбира дека на државните, ЦАЦ изложби во овие држави, МОК Караманот може рамо до рамо да се натпреварува со сите признаени раси од светот! Преговорите беа водени на највисоко ниво, помеѓу претседателствата на “Кинолошкиот сојуз на РМ” и Кинолошките сојузи на Р. Словенија и Р. Хрватска – дообјаснува тој, честитајќи им на сите  Карамнџии и  македонски кинолози, завршувајќи со зборовите “Никогаш не сме биле поблизу до она што отсекогаш сме го заслужувале! Македонска, автохтона раса на овчарско куче- Караман!

Видео – г- дин Дарко Данилов

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.