Гевгелија доби нова опрема за превенција од пожари

Гевгелија доби нова опрема за превенција и навремено откривање на пожари, во рамки на Проектот: „Рано откривање на пожарите и нивно движење за превенција и справување со катастрофи- Ефидар“. Дронот со специфичен фокус за рано откривање на пожари и нивно движење, беше предаден на градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов од страна на директорот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Ѓоко Камчев, по потпишувањето на Договорот за користење на новонабавената опрема. Исто така, за пожарникарите од ТППЕ- Гевгелија беше одржана дводневна обука за запознавање со техничките карактеристики на дронот и начинот на управување со истиот.
Во рамките на Проектот: „Рано откривање на пожарите и нивно движење за превенција и справување со катастрофи- Ефидар “ на Општина Гевгелија веќе и беше доделено ново противпожарно возило за справување со шумски пожари, во вредност од 105.000 евра. Проектот го имплементира Центарот за развој на ЈИПР заедно со Регионот на Централна Македонија, Грција и Центар за управување со кризи, Република Северна Македонија. За реализација на овој проект, обезбедени се финансиски средства од страна на Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и нашата држава.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.