Форум во заедницата за најприоритетни проекти

Општина Гевгелија во соработка со УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка, во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“, започнува со реализација на Форуми во заедницата. По тој повод, Општина Гевгелија ги поканува граѓаните да земаат учество на форумите, на којшто со нивните идеи и потреби ќе имаат можност да одлучат кои се најприоритетни проекти во општината. Станува збор за проектни форуми, за коишто е финансиски фонд, во кој ќе партиципира и Општина Гевгелија, а преку него ќе се финансираат најмалку еден, а најмногу три проекти избрани директно од граѓаните.
Првата форумска сесија ќе се одржи на 22.11.2023 година во Угостителската сала на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, со
почеток во 17 часот.
Програмата „Зајакнување на општинските совети“ ја финансираат Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.