В сабота, во 12 часот, оркестарот на Македонска филхармонија ќе го одржи концертот за деца насловен „А Zoo Called Earth”. Диригент е Ангел Спировски, а како солисти ќе настапат пијанистките Ивана и Ана Мазнејкови. На програмата се „Карневал на животни” од К. Сен-Санс и “А Zoo Called Earth” од П. Шикл. Режисерка е Тамара Стојаноска, аниматор е Бобан Алексоски, а визуелизација и анимацијата се на Иван Коминовски. Концертот се реализира во соработка со Театар „Златен Елец” Скопје.
Приказната е за еден магионичар кој понекогаш е кловн, но секогаш – чувар на нашата планета. Заедно со оркестарот на Филхармонија и еден „вонземјанин” ќе ги поведат најмладите на магично музичко патување со „Карневалот на животните”од К.Сен-Санс и “А Zoo Called Earth” од П.Шикл. Преку многу музика, интеракција и анимација децата ќе учат за животните, за природата и ќе ги потсетиме колку е важно да ја чуваме и сакаме нашата планета земја!
ФИЛХАРМОНИЈА: Во сабота, концерт за деца „А Zoo Called Earth”
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.