Во рамки на ЕРАЗМУС деновите (9-14 октомври), во организација на Локалниот младински совет на Општина Гевгелија, се одржа Инфо-ден со млади „ЕРАЗМУС ден Гевгелија: Пасош до можности“ во Народниот театар- Гевгелија. Имено, присутните беа oд страна на волонтер во Европски солидарен корпус беа запознаени со Програмата преку искуства и практики на нејзини корисници, со можностите за градење пријателства, откривањето нови култури и што е најважно бројните можности за учење.
Преку Младинскиот совет на Општина Гевгелија, и Гевгелија се придружи во славењето на ЕРАЗМУС деновите и нивното 7. издание, со што се регистрираше на европскиот портал erasmusday.eu и беше означена на светската мапа на држави, каде во градовите се организираат активности по тој повод, со цел вклучување на младите во Програмата преку образовни установи, организации за млади, претпријатија, локални и регионални тела и невладини организации, институции, тела или групи кои работат во областа на образование, обука и млади.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.