Валентина Ѓоргиевска Парго
Ако овие денови на гугл го впишете името на Бенџи Арслановски (51), ќе Ви излезат бројни линкови од најпознатите светски медиуми, портали, телевизии, весници, вклучувајќи и Вашингтон пост, открива “Куларт”.
Веста е дека овој сопственик на ресторанот “Оур плејс” во Северен Тексас, минатата недела преку својот добавувач нарачал млеко за деца и како подарок го делел на мајките, затоа што имало недостаток, поради што мајките биле во паника.
Веста стигна и до американскиот претседател Џо Бајден, а честитки и одушевувања од постапката на Бенџи стигнаа од сите страни.
И сѐ би било “сосема обично” за нас, доколку Бенџи не е со потекло од Македонија, неговиот татко Ариф и неговото семејство, Арслановски или Батовци се од преспанското село Подмочани.
Семејство многу одамна е познато како хумано, космополитско и истакнато во борбата за човековите слободи.
Нивната куќа за Време на Втората светска војна била дом во кој се криеле партизаните во тајна скривница, а по војната скривницата била претворена во Музеј во кој доаѓале луѓе да ја посетат.
Членовите на ова семејство биле истакнати и вредни земјоделци, учители, професори, и пред сѐ прекрасни соседи, а денес потомците на Арслановци се отселени претежно во Америка, во Скопје и на други места, каде се успешни бизнисмени и интелектуалци и познати хуманисти.
Неговата братучетка Пакизе Арслани, ќерка на преспанецот Иштреф Арслани, пред 15-тина години беше прогласена за Мис на националниот избор за Мис на Америка.
***
Дел од линковите за хуманиот гест на господин Арслановски:
https://www.washingtonpost.com/nation/2022/05/18/restaurant-owner-donates-formula/
https://www.cbsnews.com/app/?ftag=CNM-16-10abd6g&url=https://www.cbsnews.com/news/baby-formula-shortage-restaurant-owner-taps-stash-gives-it-away-parents-free/&ftag=CNM-00-10aab4i&_amp=1*tpt0nj*s_vid*NDVmRW9xT25YM2JHMjJOYUE2WnRXdDZPYk5yQ29ZREtrSTNwNko3OXNnaTBlUjg5Wk1nYVRpVnZPVWlLNkRRVg..
https://www.usatoday.com/story/news/nation/2022/05/17/texas-restaurant-owner-free-baby-formula-shortage/9804460002/
https://www.google.com/amp/s/nypost.com/2022/05/20/texas-man-gives-away-300-cans-of-baby-formula-amid-shortage/amp/
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.