Доделување на државната награда „Мето Јовановски” за 2023 година

Одборот за доделување на државната награда „Мето Јовановски” согласно Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на законот за државните награди („Службен весник на РМ” бр.52/06,54/07,74/12, 99/18 и 98/19) и Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница донесе
О Д Л У К А

за доделување на државната награда „Мето Јовановски” за 2023 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права.

1.За остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права наградата ѝм се доделува на:

– Платформа за одржлив развој „Лице в лице“ и

– Борче Стаменов

Наградата на добитниците ќе ѝм биде врачена на 10 декември 2023 година (недела) во 12 часот во Собранието на Република С. Македонија.

Претседател на Одборот, Александра Цветановска.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.