Доделени плакети на хуманите пилоти и пожарникари во Словенија

Во резиденцијата на Владата на Република Словенија, Вила Подрожник во Љубљана, на свечен настан во присуство на Министерот за одбрана на

Македонија, Владо Мисајловски и Министерот за одбрана на Словенија, Борут Сајовиц, Градоначалникот општина Ново Село додели плакети на армиските пилоти, полициските пилоти и пожарникарите кои на 17.07.2024,го спасија неговиот живот и животите на тројца пожарникари и тројца цивили за време на пожарите на планината Огражден кај Бадилен.

На својата страница на социјалните мрежи Градоначалникот Божинов објави:

-,,Им се заблагодарив за храброста и фактот што со нивната спасувачкаинтервенција денеска јас можам да се радувам како татко на тримесечна ќерка.Им благодарам од името на моето семејство, на мојата општина, држава и од името на секој човек кој ги побарал за помош и се уверил во значењето

на нивната работа и дело”

 

Дел од обраќањето на Градоначалникот на Општина Ново Село Ѓорѓе Божинов:

 

,,Вашата нација заслужува да биде горда на Вас.

Дозволете ни денеска во името на граѓаните на Општина Ново Село и во мое лично име да Ви се заблагодариме.Најпрво затоа што успеавте заедно со нашите пожарникари успешно да се исправите пред пожарот кој ги загрози некои од нај убавите предели на

Македонија и Балканот. Места прекрасни и чисти налик на редица локации во Вашата ценета Словенија. За мене ова прилика денеска има посебно значење. Ви благодарам длабоко и искрено што во денот кога решив сам да се спротивставам на огнот храбро ме извлековте од неговата закана”.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.