Скопје, 20 ноември 2021
Вчера во текот на вториот ден од одржување на Самитот за женско претприемништво 2021, беше презентирана целосната Програма на овој голем проект Националната платформа за женско претприемништво, од тимот кој стои зад овој проект: Емилија Андонова и Мими Петкова-Шушлеска, координатори за градење на капацитети, Даниела Антоновска- Координатор за младински политики, Александар Целески, консултант и Елена Блажевска, проектен координатор и асистент.
Беа доделени две награди од Националната платформа и тоа за: најуспешна млада лидерка и најдобра граѓанска организација со добра праткита кои најзаслужено отидоа во рацете на Флорина Џингова од MZDS Academy, млада и успешна лидерка а Наградата за најдобра граѓанска организација-добра практика, ја доби организацијата Центар за управување со промени, а ја прими Јасна Пајковска.
Наградите во име на Националната платформа ги врачи претседателката Валентина Дисоска.
Голема заинтересирност поттикна следната панел дискусија на тема „Програми и инструменти за финансирање на женското претприемништво“ , на која воведничари беа Тања Илијевска- Раководител на Секторот за стратешко планирање, анализа и програми за поддршка на приватен сектор во Фонд за иновации и технолошки развој ; Јумин Адеми- државен советник за претоприемништво и конкурентност на малите и средните претпријатија во Министерство за економија, Гоце Георгиевски – раководител на сектор за рурален развој во Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, Маја Столевска-Костадиновска – Регионален координатор од Меѓународен совет за Западен Балкан во ЕБРД и Игор Андреев- Аксцелетатор, директор на Центарот за истражувања во Вардарскиот плански регион .
Претприемачките имаа можност за отворени прашања и добиваа одговори од одговорените за поедини области.
Самитот својот работен дел го заврши со две работилници. Првата работилница на тема “Финансиски менаџмент“ ја водеше Горан Лазаревски кој е специјалист за менаџмент, пристап до финансии а за втората работилница: Обезбедување финансии/односи со инвеститори, одговорен беше Игор Маџов кој е инвеститор, претприемач и повеќе од 10 години вклучен во раст и развој на Стартап екосистемот во Македонија и Југоисточна Европа.
По завршување на работниот дел дводневниот Самит за женско претприемништво заврши со сублимирање на најважните заклучоци кои даваат насоки за понатамошни активности на сите чинители вклучени во овој сектор.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.