Таа е славната победничка на најгледаното регионално шоу “Никад није касно” во Белград, добитничка на награда за животно дело на музичкиот фестивал “Еврофест”, победничка на Интернационална музичка манифестација во Варна, Бугарија и добитничка на награда на Меѓународниот фестивал на монодрамата во Битола, за изведбата на монидрамата “Мис Маргарида”… настапувала на “Охрид фест”, “Фолк фест Валандово”.
Настапувала и пеела и на прочуените шоу сцени во Париз пред светски личности како Оназис, Марија Калас, Брижит Бардо, Ален Делон, и многу други.
Ја објави својата автобиографска книга.
Според податоците на Википедија на македонски јазик :
Добрила Ивановска- Чабриќ е родена на 1 февруари 1928 во Бариќ, Кралство СХС
Таа е македонска театарска и филмска глумица и пејачка.
Период на активност 1946 – сè уште
Биографија
Добрила Ивановска- Чабриќ е доајенка на Македонски народен театар и пејачка. Во Македонски народен театар се вработила во 1946 година и играла во првата претстава на македонски јазик, „Платон Кречет“. Во МНТ за единаесет години активна глумечка кариера, остварила 29 улоги. Покрај МНТ таа гостувала и во Драмски театар – Скопје.
Добитничка е на наградата на Народна Република Македонија, за најдобра женска улога, за улогата на ликот Графира во „Волци и овци“, како и наградата за Радиодифузијата на денон на југословенското радио. На Радио Скопје заедно со Петре Прличко ја воделе емисијата „Весела вечер“.
Театарската кариера ја продолжува во Театарот „Терезије“ во Белград. Потоа ја започнала нејзината кариера како пејачка. Со „Дуото Нанос“, 20-години патувале и настапувале во: Македонија, Србија, Кипар, Русија, Франција и Бугарија, каде две години се на второто место на бугарската топ листа. Добрила Ивановска-Чабриќ доживува голем успех во грузиската група „Диело“, со различен репертоар на неколку јазици. Во 1970 година Добрила повторно продолжува со својата самостојна кариера и повторна патува низ светот. Во 1980 година се сели во Дојран, каде живее и денес. Била омажена за Миленко Чабриќ со кого имаа еден син, кој пред три години замина во вечноста.
Во 2012 година, на 85 годишна возраст, Добрила по долгогодишна пауза се враќа на театарската сцена со монодрамата “Методот на Мис Маргарида” од Роберто Атајаде, во режија на Виолета Џолева со која добива специјална награда на Меѓународниот фестивал на монодрама во Битола. Во 2018 година на 90 години победува на телевизиското музичко шоу “Никад није касно” со најголем број гласови од публиката. На 22 издание на “Еврофест” и беше доделена наградата за севкупно музичко творештво.
Младоста ја носи на срце, виталноста во телото, а љубовта и желбата за живот длабоко во душата.