На прес конференција во градската кафеана “Пелистер”, денес беше претставена програмата на “Денови на Европско Скопје 2019”. На 25 октомври во 20 часот во КИЦ ќе биде отворена изложба на фотографии, на авторите Иван Блажев, Александар Контев, Матијас Шуман. Изложбата се вика “Дрезден: Лица/простoр/време”.
На 28 октомври во 19.19 часот во КИЦ на програмата е концерт на Музичката младина на Македонија “Пет-Квинтет”.
Промоција на книгата “Од летописот на творците за роднокрајното Скопје” напишана од Тамара Арсовска ќе биде промовирана во “Пелистер” а на 30 октомври во 12.30 часот во Стопанска банка – Топси банка за млади, ќе има работилница на која ќе предава фотографот Љупчо Илиевски, и ќе учествуваат учениците на ДСУЛУД “Лазар Личеновски”. Аматерска изложба на учениците од ДСУЛУД под наслов” Мој портрет за моето Европско Скопје” ќе биде организирана на петти ноември во ЕУ Инфо центар во 19 часот.
Наградите за трите најдобри новинарски текстови на тема Скопје, ќе се случи на петти ноември.