По повод Меѓународниот ден на Толеранција на прогласен од ОН – 16 ноември, на 14 ноември, вторник, со почеток во 18:00 часот, во Кинотека на Северна Македонија ќе се одржи Тркалезна маса на тема ”Да помагаме и почитуваме, а не да отфрламе“, со фокус на третманот на лицата со деменција.
Настанот е во организација на Inner Wheel Клуб Скопје Еуропеа, кој по седми пат организира активности за одбележување на овој ден.
Настанот ќе започне со проекција на краткометражниот документарен филм: „Деменција – еден месец во животот“.
По филмот ќе следи панел дискусија, модерирана од м-р Ели Танасковска. Панелисти ќе бидат професионалци од медицинската струка, како и луѓе кои имале искуства со справување со деменција на нивните најблиски:
– Доц. д-р Габриела Новотни, специјалист-невролог;
– Проф. д-р. Анита Арсовска, специјалист-невролог;
– Драгица Русевска Христова, новинарка и авторка на книгата: “Кога мама заборави дека ме сака“
– Тања Кочовска, актерка
Настанот е отворен за јавноста.