На 9 август 2024 на улица Македонија пред Споменикот на Мајка Тереза се заокружи одбележувањето на 79 годишнината од бомбардирањето на Хирошима и Нагасаки со употреба на нуклеарно оружје.
Целиот настан започна на 6 август 2024 со објавување и отпочнување на потпишување на Декларацијата за мир во светот против сите војни и употреба на нуклеарно оружје и доделување на Цветинова награда за мир на поетесата Лидија Лучко Јеремиќ.
На седми август истоимена награда ѝ беше доделена на поетесата и магистер на правни науки Анита Бошкова, а на 8 Август на поетесата Цветанка Невчева и нејзиниот осуммесечен син Јордан Невчев.
Настанот се заокружи на 9 август со читање и врачување на песната напишана од поетот Горан Анчевски на капетанот и пилот Стево Стефановски.
Свои песни прочитаа Лучко Јеремиќ и Бошкова кои упатија својот аманет до сите нации и генерации- да нема војни, да има само мир, затоа што љубовта само во мир може да живее!
Декларацијата за мир во светот против сите војни и употреба на нуклеарно оружје ќе биде дистрибуирана до сите граѓани и до сите институции за потпишување, кое ќе трае до 21 септември оваа година.