Daisy Family Rescue-Саботна забава за бездомните крзнени другарчиња

Aко сте од оние што навреме ја планирате саботната забава а патем сте љубители на крзнени миленици и сте хумани, оваа сабота Daisy Family Rescue Ве поканува на хуманитарна забава, токму за оние на кои им е потребна вашата помош.
Журка, дружба, информации и запознавање со проблемите и предизвиците со кои секојдневно се соочуваат активистите за заштита на животните. Можеби ќе имате среќа и ќе дознаете за некое куче или маче на кое му треба дом, па ќе стане нов член на најхуманата фамилија.
Подадена рака, која не се заборава никогаш
Збогатете го својот дом со еден миленик кој ќе ве прави посреќни и што е нај важно ќе ви ја открие најбезрезервната љубо, што на друг начин не можете да ја откриете.
Сабота (20.април) од 21.30 во Баду Бар, Влае!

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.