СКОПЈЕ, 24.12.2022
Тројцата македонски великани денеска беа славени со цветна изложба и со македонски мироцветни патеки на кои беа испишани стихови од овие славни, ненадминати книжевници.
Се славеа годишниците од нивните раѓања, оти тие се бесмртни- 120 годишнина од Васил Иљоски (20 декември 1902, Крушево ), 114 години од раѓањето на Кочо Рацин (22 декември 1908, Велес), 101 година од раѓањето на Блаже Конески (19 декември 1921, Небрегово).
Во кафулето “Еспресо хаус” во Аеродром во друштво на млади почитувачи на овие великани, сликарот и хуманист Живко Поповски Цветин одржа ликовна работилница, во соработка со средношколките од Скопје Стефани Нешкоска од “Кочо Рацин”, Стефанија Аврамовска од “Лазар Танев “, како и Бојан Стојковски, студент по менаџмент на бизнис академија Смилевски.
Во чест на големата пасија на Конески, да игра шах, интернационален шаховски мајстор Димитар Илиевски, потсети на шаховските успеси на Конески.
Декември, како месец во кој се родени тие, Цветин го слави со секојдневно одржување на свои изложби на улица Македонија.
Валентина Ѓоргиевска Парго