Цветин ги подели првите разгледници со писмото на Мајка Тереза

Уметникот и хуманист Живко Поповски- Цветин, денес, 24 март, ги подели првите разгледници отпечатени по повод 40 годишнината од кога го добил писмото од Мајка Тереза, откако тој, истата година ѝ пратил цветен цртеж за 8 Март.

По тој повод симболично се отпечатени 40 пригодни разгледници, од кои првите три ги подели на шаховскиот шампион Димитар Илиевски, на новинарката на КулАрт и на сопственичката и директорка на Универзитетот МИТ,  Билјана Апостолова.

 

На разгледницата отпечатена е пораката од писмото на Мајка Тереза која гласи: “Сиромашните се секаде околу нас, осамените, несаканите! Биди лубезен и прави им добрини на оние блиску до тебе, и чувај ја радоста на сакањето на Исуса во своето срце, бидејќи Тој е верен”.

Но отпечатена е и неговата лична порака, која химанистот и повеќекратен кандидат за Нобелова награда, како агроном ја упатува до светот “На светот му се потребни мир, храна, солидарност, љубов”.

( Со Димитар Илиевски)

Во приликата на симболично испраќање и примање на разгледниците до оние кои денес беше упатена, Илиевски му посака на Цветин годинава да ја добие Нобеловата награда за мир, и што поскоро да биде прогласен за почесен граѓанин на општина Центар, на Град Скопје и на Македонија.

А пак Цветин, потпишувајќи му ја разгледницата симболично покрај саќето за мед, за да биде бериќетна годинава и за Илиевски, му посака што поскоро да биде одликуван со орден од Претседателот на Македонија.

И двајцата се заслужни и долгодецениски опшествени личности, кои долго соработуваат на полето на хуманитарниот волонтаризам.

При потпишувањето на картичката за Апостолова во оваа, лежерно дружење, таа нагласи дека за МИТ е чест што Цветин е прогласен за почесен доктор на науки на овој Универзитет, а за неа пак е и чест што како Универзитет и тие ја имаат добиено Цветиновата награда за мир.

Уметникот најави неколку мировни предавања во Универзитетот, оваа пролет.

 

(Со Билјана Апостолова)

Цветин писмото од Мајка Тереза го добил на 21 Март 1984 година, од кога почнала и неговата мироцветна мисија.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.