Општинскиот празник- 7 Ноември, Општина Гевгелија ќе го одбележи со богата програма.
Седмоноемвриската програма ќе биде исполнета со осумдневни културно-уметнички и спортски настани.
***
Вечерва (4 ноември 2024 година), започнува осумдневното чествување со културно-уметничка и спортска програма по повод Општинскиот празник- 7 Ноември. Имено, во Народниот театар-Гевгелија, ќе биде отворена Изложбата проследена со концерт „Без вретено, песна исткаена“, во организација на Етнокореолошкиот оддел при ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, со почеток во 19 часот.
Настанот е концепиран во два дела, првиот е изложба на плетива и ткаеници, како и делови од традиционалната облековна култура – народните носии. Во вториот дел ќе се претстават студенти од Одделот за етнокореологија на Музичката академија при УГД – Штип со концерт натрадиционални вокално – инструментални изведби од повеќе етнички предели.
***
На 5 ноември 2024 година, во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, во Народниот театар- Гевгелија
ќе гостува ансамблот при НУКЦ „Трајко Прокопиев“- Куманово со театарската претстава „Како што сакате/ Ноќ спроти Водици“, во режија на Срѓан Јанаќијевиќ. Претставата ќе започне во 20 часот, а влезот е слободен. „Како што сакате“ е современа адаптација на драмата на Вилијам Шекспир „Ноќ спроти Водици“, опишана како негова најсмешна комедија.
– Вртлог на згрешени идентитети и невозвратена љубов. Никој не е она што е и сè е возможно. Зошто таа замена на родови
идентитети е толку смешна во театарот со векови, а толку застрашувачки сериозна, а понекогаш и брутално трагична во реалниот живот. Кај Шекспир, тоа е едноставно: машко или женско? Како што сакате- вели режисерот за претставата.
Адаптацијата ја направи Јаниќијевиќ, а драматург е Симона Тоскиќ. Сценографијата е на Марија Ветероска, костимите на
Лидија Георгиева, а музиката е на Ивица Димитријевиќ и Јане Трајковски.
Играат: Жарко Јовановиќ, Марко Трајковиќ, Антонио Димитриевски, Нина Максимова, Анастасија Величковиќ, Александра Пешевска, Давид Илиќ и Никица Јанковски.
***
Во Програмата за одбележување на Општинскиот празник, ќе учествува и Друштвото на ликовни уметници од Гевгелија со одржување Годишна изложба во Уметничката галерија „Амам“.
Организацијата е на НУ Музеј- Гевгелија, а отворањето на Изложбата ќе биде во 20 часот.
***
Следниот ден, на самиот празник (7 ноември 2024 година), ќе се полага цвеќе пред спомен-обележјата во Гевгелија, во 11 часот. Пред платото на Народниот театар- Гевгелија, во 12 часот, следи традиционално училишно дефиле.
Свечената седница на Советот на Општина Гевгелија, на којашто ќе бидат доделени и Седмоноемвриските награди, е закажана за 19 часот, во Големата сала на Народниот театар- Гевгелија.
***
Веднаш потоа, по повод празникот, премиерно ќе биде изведена балетската поставка „Исповед“, во организација на ЈОУ
Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, а во продукција на Национална опера и балет. Кореограф е Саша Ефтимова.
На 8 ноември 2024 година, во Народниот театар- Гевгелија, гевгеличани ќе имаат можност да го проследат Концертот на
Градскиот мешан хор „Гортинија“, почнувајќи во 19:00 часот.
***
Второто издание на инклузивната трка “Run together” заедно со детските трки од Атлетската трка „November run Gevgelija 2024 година“ ќе се одржи на 9 ноември 2024 година, пред платото „Сава Михајлов“. Инклузивната трка ќе започне од 13.30 часот, а по нив детските трки во повеќе категории, во времетраење од половина час.
***
На 10 ноември 2024 година, е атлетската трка “November run Gevgelija“, на 5 и 10 километри во женска и машка конкуренција, во организација на Атлетскиот клуб „7 Ноември“- Гевгелија. Ќе започне од 9 часот, исто така, пред платото „Сава Михајлов“. Каде што во 10.30 часот ќе бидат прогласени победниците на 4. издание на трката „7 Ноември“.
***
Вечерта, на 10 ноември 2024 година, во организација на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија, следува „Фолклорен ѓердан“- целовечерен концерт на домашни и странски фолклорни ансамбли и културно-уметнички друштва. Ќе започне од 20 часот, во Народниот театар- Гевгелија.
Седмоноемвриското чествување ќе заврши на 11 ноември 2024 година, со Книжевен портрет на авторот на книги за деца, Горјан Петревски, во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија, којшто ќе се одржи во Народниот театар- Гевгелија, почнувајќи од 19:00 часот.
Промотори на книжевниот настан ќе бидат проф. д-р Васил Тоциновски и проф. д-р Јованка Денкова.
Сите културно- уметнички настани се бесплатни!
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.