Вечерва “Биг бендот” ќе свири во чест на Даворин Поповиќ

Поминаа 13 години од оној 18 јуни во 2001 година, кога балканските простори остана абез една од најголемите рок ѕвезди Даворин Поповиќ од Сараево.

Вечерва во негова чест во Сараево ќе свири Биг бенд.

Даворин Поповиќ, фронтменот на легендарната рок- група “Индекси” е роден на денешен ден, 23 септември1946 година, почина на 18 јуни 2001 година во Сараево.

Својата музичка кариера ја почнал во 1961 година во бендот “Пауци”, а во 1964 година станува член и лидер на групата “Индекси”. Неочекуваната смрт го спречи да ја оствари својата најголема желба – во 2002 година “Индекси” да ја одбележат 40-годишнината од постоењето со голем концерт во Сараево. Песните “Жуте дуње”, “Крик из друге собе” “Да сам ја неко” се нешто по што ќе го паметат многу генерации во целата поранешна СФРЈ.

Иако од формирањето во 1962 година па сè до смртта на легендарниот пејач Даворин Поповиќ во 2001 година, “Индекс” објавија само два албума и 27 сингл плочи, бендот ќе остане запаметен во југословенската музичка историја не само како рок група со најмногу фанови, туку и како посебен социолошко- културолошки феномен.

А како што истакна Тифа: „Индекси не беа само група, Индекси беа култура.“

Музички документарниот филм Dok’N’Ritam (D’n’R) е за, според некои, најважната југословенска група, групата „Индекси“.

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.