Деканот на Филозофскиот факултет во Загреб проф. д-р Домагој Тончиниќ им врачи благодарници на Н.Е. Милаим Фетаи и на директорката м-р Мими Ѓоргоска Илиевска

22.02.2025

Вчера, на свечена церемонија Амбасадорот на Р.С. Македонија Н.Е. Милаим Фетаи и директорката на македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, м-р Мими Ѓоргоска Илиевска примија пригодни Благодарници од страна на Филозофскиот факултет во Загреб за успешната взаемна соработка и поддршка во проучувањето и учењето на македонскиот јазик, книжевност, култура и историја во интерес на јакнење на културната дипломатија со цел меѓусебно разбирање и доверба. Повод за свечениот настан во големата сала на Универзитетот во Загреб беше одбележувањето на 150-годишницата од основањето Филозофскиот факултет при Универзитетот во Загреб.

Во својот говор, Деканот на Филозофски факултет во Загреб, проф. д-р Домагој Тончиниќ, во контекст на 21 февруари, Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, ја истакна цивилизациската и културната важност на научното проучување и изучување на светските јазици, посочувајќи го фактот дека во рамките на загребскиот Филозофски факултет се изучувааат 28 јазици, меѓу кои и македонскиот.
На настанот се доделени Благодарници на повеќе министерства, странски амбасади и културни институти/центри кои остваруваат соработка со Филозофскиот факултет во Загреб во интерес на продлабочување на взаемните билатерални односи. Присутните можеа да ја слушнат и доживеат јазичната разноликост која се изучува на загребскиот Филозофски факултет преку учеството на студентите кои текстовите од благодарниците ги прочитаа на мајчините јазици на добитниците.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.