Битолските младинци трет ден го учат францускиот јазик преку танцот

Во Битола веќе трет ден се одвиваат активностите на регионалниот проект; МЕСЕЦ НА ФРАНЦУСКАТА КУЛТУРА ВО БИТОЛА – ТАНЦ.
Се работи за регионалниот проект „Учиме и содаваме поинаку“, поддржан од Министерството за надворешни работи, кој нуди иновативен пристап кон изучувањето на францускиот јазик на забавен и креативен начин, како и модернизација на сликата за Франција меѓу младите луѓе.

Центарот за културна деконтаминација и Француската алијанса во Битола, партнери на проектот, се воедно и домаќини на првиот дел од проектот на темата танц, придружен со доаѓањето на кореографот Давид Ролан, кој уште првиот ден (17.10) во Хотел Театар, оддржа обука за наставниците по француски јазик како и работилници за учениците од Битола, Ресен , Прилеп, Скопје и Гостивар.

Исто така, Ролан заедно со десетина ученици, одвои време и за уметничко творештво. Во текот на вчерашниот ден, беа оддржани обуки во битолската гимназија, како и во основните училишта „Даме Груев“ и „Стив Наумов“. Во посета на проектот и училиштата присуствуваа и директорот на Францускиот институт во Скопје Г-динот Хуго Бештел и почесниот конзул на Р. Франција во Битола, Г-ѓа Калиопа Кривашија.
Денеска тимот беше во ОУ „Гоце Делчев“ како и во Гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп, а веќе утре, дванаесет ученции од Битола и Тетово ќе формират танцувачка група која ќе биде дел од завршниот настан со радосна кореографска и прошетка во паркот кај Саат-кула во Битола, оваа Сабота на 21.10 во 13.00 и 15.00 ч. насловена « Happy manif (Les pieds parallèles)

».

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.