„Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ отворија сензорна соба во Чучер Сандево

во рамки на  проектот
Чучер Сандево, 13.10.2022 – Учениците со и без образовни потешкотии во ООУ „Александар Урдаревски“ ја добија прватасензорната соба во општината Чучер Сандево, а со тоа имаат можност за спроведување на воспитно образовни практики со соодветни реквизити и стимулативните алатки, кои водени низ процесот од стручната служба значајно ќе придонесат кон кревање на квалитетот на образовниот процес.
„Веб фактори“како општествено одговорна компанија се приклучи кон целите на Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ финансиран од Европската Унија, и ја поддржа реализацијата на оваа сензорната соба.
„Со големо задоволство се придруживме на процесот на образовна инклузија кој што го спроведува проектот во нашата земја. Како општествено одговорна компанија од ИТ индустријата нашите цели се да придонесеме кон создавање на можности за поквалитетен живот на секој поединец. Посакуваме инклузивен свет и се надеваме со нашиот чекор ќе поттикнеме вложувања во образованието и во создавање на услови за еднаква пристапност на образование на секое дете, затоа што со добро образование ќе имаме посветла иднина сите.“ – рече Петар Папиќод Веб фактори.
Општина Чучер Сандево со оваа активност се приклучува кон семејството на грантисти на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“.
„Чучер Сандево денес добива простор со кој не само што го унапредуваме инклузивниот образовен процес во ООУ „Александар Урдаревски“, туку значајно се придонесува кон спроведување на воспитно образовните практики во оваа рурална средина. Децата со атипичен и типичен развој во овој простор со поддршка на стручната служба ќе имаат можност да ги поттикнуваатмоторичките,аудитивните, тактилните и визуелните вештини. Благодарност до тимот на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ кој заедно со „Веб фактори“ ни ги препознаа потребите и заеднички создадовме место со кое ги подобрувамеинклузивните капацитети и практики во општина Чучер Сандево.“ – вели градоначалникот на Чучер Сандево, Сашко Комненовиќ.
Елена Мишиќ од Фондацијата „Чекор по чекор“, истакнува дека со активностите кои се досега опфатени во проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, значајно се придонесуваа, секое дете да добие пристап до квалитетно образование.
„Со опремувањето на оваа сензорна соба ние директно работиме на развој на инклузијата на локално, микро ниво, и се залагаме за создавање на еднаков пристап и можности за сите деца во сите училиштата.  Преку проектот досега реализиравме активности со кои ја стимулираме инклузијата во земјава и создаваме пристапни и поттикнувачки средини за учење, а училиштата кои се опфатени со проектот стануваат места со еднакви можности за образование за сите деца.“,  потенцира Мишиќ.
Сензорната соба е спроведена како дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ кој е финансиран од Европската Унија, и е пример за суштинско вклучување на учениците со попреченост во образовните текови и придонесува кон подобрување на инклузивноста во образовниот процес во државата.
Процесот на реновирање и опремување на сензорната соба може да го погледнете во видеото на следниот линк:
https://youtu.be/RDIEs5zdUps
Проектот го реализира Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ заедно со своите партнери, Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хандимак“. Проектот се реализира во соработка со Министерството за образование и наука.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.