Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид преминува во отворен тип на Библиотека

Во пресрет на 23 Април Светскиот ден на книгата и авторското право НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од денес 20 април од затворен преминува во отворен тип на Библиотека.
Читателите слободно ќе можат да влезат и да одбираат книги од полиците и да побараат помош од библиотекарите. Читалната во одделот за издавање ќе биде отворена од понеделник до петок од 9 и 30 до 17.00 часот а читалната за дневен печат и периодика со читатели ќе работи од 9 до 15.00 часот. Читалните ќе можат да ги користат само зачленети читатели.

Работното време на Библиотеката со читатели останува исто од понеделник допеток од 8.30 до 18.30 часот.

На 26 април, вторник во 12 часот, во чест на Светскиот ден на книгата на
посебен настан во библиотеката ќе бидат прогласени најредовните читателите
за 2021 година во категоријата деца и возрасни, најмлад и највозрасен читател, како најчитаните домашни и странски автори и книги.

На околу триесетина наши сограѓани Библиотеката за донираните книги во
изминатиот период ќе им се оддолжи со благодарници кои ќе им бидат врачени
во рамките на настанот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.