Фондацијата „Аполонија“- Гевгелија во соработка со Службата за трансфузиона медицина при ЈЗУ Општа Болница- Гевгелија и со Општинската органзација на Црвениот крст-Гевгелија, во просториите на хотелот „Аполонија“, на 22 декември, 2021 година, го реализираше традиционалниот „Дваесетти по ред
Аполонија – ден на крводарување“. На 20 по ред „Аполонија- Ден на крводарувањето“ учествуваа вработени во хотел „Аполонија“ и граѓани од општина Гевгелија, по претходна проверка на здравствената состојба од страна на Центарот за трансфузиона медицина на кандидатите кои сакаа да ја потврдат својата хуманост. Имено, беа собрани 45 единици крв.
-Во рамките на своите определби за постојано поддржување и помагање на активности што се дел од целокупното живеење на нашата локална, а и поширока заедница, фондацијата „Аполонија“ се вклучи и во остварувањето на едно од најблагородните човекови дејствувања- крводарителството.
Секоја следна акција ни е сè помасовно поддржана, што ни дава право да останеме при определбата Гевгелија да биде хуман град, истакна директорот на фондацијата „Аполонија“, Аце Ристовски.
“Аполонија” собра 45 единици крв
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.