Светски познатиот духовен учител, писател, сексолог и тантрички мајстор со потекло од Хрватска, Фрањо Милиќевиќ, познат како Аба Азиз Макаја, повторно гостува во Македонија, по повод 30 години Здружение за развој на уметноста на живеењето Комаја- Скопје.
По успешното презентирање на Полиаморнит Манифест на 26-иот конгрес на “Светската асоцијација за сексуално здравје (WАS)” во Анталија, Турција, оваа година гостува гуру Макаја воСкопје со јавно предавање во КИЦ и викенд работилница.
Гуру Макаја е харизматичен, екстатичен духовен учител, чија животна мисија е забрзување наразвојот на свеста, односно, индивидуалната еволуција на човечкото суштество со помош на медитација, но и со ширење на спознанието за љубовта и еротиката као духовен пат, за уметноста на трансформација на сексуалната енергија во боженствена љубов и екстаза.
Макаја во Скопје ќе одржи јавно предавање на тема: Комаја МЕДИТАЦИЈА
Фокус, смиреност, надсвест, успех во животот.
Предавањето ќе се одржи на 18.11.2024. (понеделник) во 20 часот во Културно Информативен
Центар (КИЦ) – Салон 19:19 во Скопје.
На истата тема 23.10. – 24.11.2024. ќе биде оддржана и работилница, каде ќе се продлабочат темите и учесниците ќе имаат можност да добијат индивидуални насоки и водство.
Гуру Макаја (Аба Азиз Макаја) е светски признат учител по кундалини јога, тантра, сексолог,основач на меѓународната духовна заедница и тантричка школа Комаја (www.komaja.org), соседиште во Швајцарија и со центри ширум Европа и светот.
Макаја за својата работа има добиено голем број признанија и награди. Добитник е на “Aмериканската награда за сексуална интелигенција (SIA)” и член е на “Светската асоцијација засексуално здравје (WАS)”. Автор е на повеќе книги за духовен развој, тантра и сексуалност:
Комаја, Ангел во месо, Božanski seks bez tabua и др. Често гостува во познати светски медиуми (RTL, ARD, ATV, SF1, Sueddeutsche, Playboy, Wiener, Die Weltwoche, Комсомолскаја Правда и др.). За „љубовнот гуру“ и „најголем секс-гуру во Европа“ пишува германски Playboy, „Господар на цвеќето“- постулира Süddeutsche Zeitung, „Уметноста на заведување“- швајцарски неделник Die Weltwoche, а дури и источноевропски медиуми (руска Комсомолскаја Правда, романски ФХМ, “Бугарски Стандард и останати) детално известуваат за „сексуалниот просветител“ на 21 век.
Научните истражувања имаат потврдено дека луѓе кои редовно ги практикуваат комаините тантрички методи се ментално поздрави од контролната група. Младите кои ја поминуваат комаината “Љубовно-еротска терапија”, трајно се ослободени од зависност од дрога, што во Македонија беше поддржано и од американскиот USAID.
Комаја тантра е духовен систем кој обединува кундалини јога и тантра. Тоа е патот на трансформација на сексуалноста во екстатична, божествена љубов, патот на соединување и екстаза. Комаја преставува длабок и недогматичан пристап кон духовноста. Клучот на комаината тантра е Љубовта. Комаината тантра е божествена љубов, блаженство, екстаза, вистина и радост на живеењето. Комаините техники не се косат со ниту едно верување или религија и можат да гипрактикуваат сите, без оглед на нивното религиско и секое друго определување.
Денес, повеќе од било кога, ни е неопходна нова култура на сексуалноста и љубовта, денес когаживееме во време на нарушени партнерски односи, распад на бракот, фамилијата и на сите вредности, и кога сексуалноста е сведена на инстант секс, без љубов, без емоции и без трага на духовност. Денес ни е неопходен нов пристап кон сексот, кон љубовта и кон партнерските односи, втемелен на взаемно разбирање, комплементарноста и искрената љубов. Промената се бара од сите нас, не само од оние кои донесуваат политички одлуки. Системот на Макаја ја прави оваа внатрешна револуција можна: „Следниот чекор во еволуцијата на човештвото ќе биде остварен дури тогаш кога ќе се постигне освестување и контрола на сексуалната енергија. Тоа најлесно се постигнува со помош на природната способност на мажот и жената да се вљубуваат и да бидат во љубов“. Затоа Макаја во својата техника комаја медитација за почетници, нуди начин како: и сексуалната енергија и емоционалната страст да се искористат за постигнување на повисоки состојби на свест.
Макаја нуди систем за свесна интеграција на сексот, љубовта и свеста, каде што сексот- со љубов и свеста како доминантни сили- го чинат човекот длабоко исполнет и сеопфатно исцелен. Тоа носи среќа и исполнетост во љубовниот и сексуалниот живот на луѓето.
За Макаја зборуваат и го подржуваат многумина признати експерти и авторитети во областа на духовен развој и сексологија, реномирани писатели, интелектуалци, професори (д-р. Маријан Кошичек, проф. д-р. Ферид Мухиќ, д-р. Марти Клајн, д-р. Дебора Таџ Анапол, д-р Манца Коширн и др.) Повеќе детали на: komaja.org/acknowledgements.
За крај, да заклучиме со зборовите на нашиот проф д-р Ферид Мухиќ – „… Наместо да ја разгледува целата историја на цивилизацијата како историја на страданието (Historia calamitаtem),
Комаја предлага модел на историја на задоволството, радоста, историја на екстазата, кој што може да доведе до истата цел: највисоко блаженство и до состојба без потреби и незадоволства.“
-Макаја е исто така втемелувач и водач на меѓународната духовна заедница Комаја која на 07.10. славеше 46 години постоење, а со ова предавање ќе го одбележиме јубилејот на 30 години од основањето на Комаја во Македонија, порачуваат.