27 октомври- Денот на големата светица Преподобна Мајка Параскева, Света Петка, во народот познат како Петковден

Секој верник, човек посветен на Бога, покрај љубовта кон него посебно почитува некој Светец кој го чувствува близок, свој заштитник и чие име и дела за народот низ векови, ги слави. Многумина ја слават Преподобна Мајка Параскева-Света Петка Византиска, посебно во Македонија. Луѓето и се поклонуваат, се молат за нејзина милост и го слават нејзиното име.

Света Петка е родена во Епиват во 944 година, во богато и чесно семејство. По стапките на нејзиниот брат и таа се предава, уште како многу мала на Бога. Ослепува на својата 11-та година и пет години е слепа, се до еден ден кога Бог и ја враќа виделината. Кога останува сама без родителите, целиот имот го раздава на сиромашни и оди во Цариград во 963-та година, каде служи на Светата Христијанска црква пет години. Го прифаќа Божјиот повик и во 968 оди во Палестина на Ходочешниство. Го посетува Исусовиот гроб и заминува за Пустината каде останува скоро 40 години, сосема сама поминувајќи ги сите животни искушенија. Станува света за време на живот и кога го слушнала Гласот Божји, 1010-тата година се вратила во родниот Епиват. Таму уште две години им помагала на луѓето, за во 1012 година отиде пред лицето на Бога.

Судбина на Света Петка -Преподобна Мајка Параскева, како светица не завршува тука. Таа се до 1643-та година кога нејзините мошти се пренесени во Јаши-Романија, поминала многу пренесувања од Бугарија, Србија и била оскрвнавена од Турците па пренесена во Царград .

Моштите од Цариград биле пренесени во Јаши и таму се сеуште, положени во Светиот храм посветен на оваа моќна светица. И верувајте, кога ќе ги допрете нејзините раце, ќе почуствувате како сеуште да тече крв низ нејзиното тело,тие се едноставно топли. На овој начин, со помош на оние кои помош и сила бараат од неа, светицата  Света  Петка Преподобна Мајка Параскева сеуште живее.

Затоа нека е за многу години нејзиниот ден. На сите што го слават да им донесе мир, љубов и благосостојба во домот, на сите верници верба во добрината и љубовта а на сите луѓе спокој.

Татјана Гогоска 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.