Фондацијата „Аполонија“- Гевгелија во соработка со Службата за трансфузиона медицина при ЈЗУ Општа Болница –
Гевгелија и со Општинската органзација на Црвениот крст- Гевгелија, во просториите на хотелот „Аполонија“, на 22 декември, 2021 година, ќе го организираат традиционалниот „Дваесетти по ред Аполонија – ден на крводарување“. Сите оние кои сакаат да ја даруваат оваа течност која живот значи, тоа ќе може да го сторат во просториите на хотелот „Аполонија“, во периодот од 09 до 14 часот, потврдувајќи ја својата хуманост на 077 750 120 или
со пријавување на рецепцијата на хотел „Аполонија“. За хуманите крводарители следуваат симболични подароци од
организаторите.
– Во рамките на своите определби за постојано поддржување и помагање на активности што се дел од целокупното живеење на нашата локална, а и поширока заедница, фондацијата „Аполонија“ се вклучи и во остварувањето на едно од најблагородните човекови дејствувања – крводарителството.
Секоја следна акција ни е сè помасовно поддржана, што ни дава право да останеме при определбата Гевгелија да биде хуман град, истакна директорот на фондацијата „Аполонија“, Аце Ристовски.
Акцијата „Аполонија- Ден на крводарување“ се организира двапати во годината, а првиот Аполонија- ден на крводарување беше организиран на 19 октомври, 2010 година. Годинава, 19 крводарителска акција беше одржана на 27 април, на која беа собрани 28 единици крв.
20 по ред Крводарителска акција на хотел “Аполонија”
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.