ЗПСК „Кожуф“ од Гевгелија, согласно својата Програма за работа, неодамна го одржа 18. по ред Меморијален планинарски марш „Димитар Кангов- Кангата“. На овој традиционален марш, учествуваа 70 планинари од гевгелиското планинарско друштво и планинарските друштва во Македонија, меѓу кои и 17 ученици од ООУ „Климент Охридски“- Миравци. Поради лошите временски услови, планинарите беа спречени да го искачат највисокиот врв на Кожув- Зелен Брег, со тоа што планинарската маршута со одлука на членовите на ЗПСК „Кожуф“ беше прекината на Марково Езеро. Додека, маршутата на учениците од ООУ „Климент Охридски“- Миравци беше пренасочена на потегот Планинарски дом „Томе Шутов- Кротки“ до село Серменин и назад. Како што истакнаа организаторите, силниот ветар и магла не била пречка за мала група од Неготино на своја одговорност да го искачи врвот Зелен Брег.
18. Меморијален марш „Димитар Кангов- Кангата“
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.