Се одржа манифестацијата “Детски гласови 2021” во Ресен

Втора по ред, детска поетска манифестација се одржа деновиве во Ресен, 50 деца со свои творби учествуваа на оваа манифестација
Деца од целата наша држава, радост невидена, возбуда бескрајна,познанства нови. Од Пехчево,од Македонски Брод, од Долнени, Демир Хисар, Могила, Струмица, Битола, Прилеп, Охрид и многу други места,објанува организаторот ЖАР ПРЕСПА Ресен.
-Денот го започнавме во Царев Двор, во фармата на Виолета Прцуловска Spirit of Prespa, со прекрасно лубезни домаќини, приготвиле разно разни мезиња, прекрасни по вкус, најслатка штрудлата од јаболко.
Започнавме со раскажувањето на една приказна „ Јаболкото од Царев Двор“, напишана од професор Ферид Мухиќ, зачувана од Стевче Радевски и Живко Поповски – Цветин на кого посебно му се заблагодаруваме за подарокот на секое дете по една авторска цветна слика нацртана со негова рака, постер и јаболко насликано со ружи. Возбудување навистина прекрасно, истовремено тргнавме да ја испратиме пораката за мир од амбасадорот на МИРОТ И ЦВЕЌЕТО Живко Поповски Цветин. И сѐ беше прекрасно, смеа, радост се ширеше во фармата и љубезната домаќинка видно возбудена, искрена од срце нѝ се заблагодари.
Заминавме во Ресен и поради лошите временски услови настанот, читањето и доделувањето на наградите го направивме во спортската сала.
Воведен збор и отварање на манифестацијата направи почитуваниот градоначалник д-р Живко Гошаревски, а веднаш потоа: претседателката на здружението ЖАР ПРЕСПА Ресен, м-р Даринка Веслиевска, па член на жирито Гордана Такец, Биљана Тодоровска. Секако децата со големи рецитаторски способности ги читаа песните. Програмата со весели музички точки ја збогатија: Сандра Цаловска, Григориј Прцуловски, Кристијан Милошевски и Тони Карапанчевски Леко.
Навистина беше прекрасно.
Не сме поборници на награди, за нас сите учесници и деца кои испратиле песна за овој фестивал се победници.
И токму затоа секој учесник беше награден со огромен аплауз. Ние ги очекуваме и в година, да прерасне оваа манифестација во меѓународна и верувајте ќе биде. Оптимисти сме, а не прави такви нашата посветеност.
Мораме да им се заблагодариме на бизнис заедницата која овој пат навистина нѝ помогна финансиски, материјално и нѐ обврза оваа манифестација да стане дел од активностите во 2022.
А, ние тоа го ветуваме!
Искрено им се заблагодаруваме на Општина Ресен, на Сара Марковска за нејзината беспрекорна водителска маестралност, на Тони и Кристијан, на Сандра и Григориј, на Пеце Нончевски и Милчо Ѓоргиевски за прекрасните фотографии и видео снимка, како и сите задолжени по одредени задачи, запишаа организаторите.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.