На 7 октомври во Градскиот парк во Скопје, во 11 часот ќе започне Вториот национален саем на храна и пијалаци-информираат од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство.
Повеќе од 300 изложувачи, мали производители на храна и пијалоци ќе ги презентираат своите вкусни производи приготвени по традиционални рецепти.
Националниот саем за храна и пијалоци – “Вкуси ја традицијата” прераснува во убава традиција.
Овој настан е во организација на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство и Слоу Фуд Македонија со поддршка на ГИЗ.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.