Со полагање цвеќе пред спомен-бистата на Владо Кантарџиев во дворот на ООУ „Владо Кантарџиев“ од страна на вработените и учениците и низа активности од областа на спортот и литературата беше одбележан Патрониот празник на училиштето- 18 ноември. И оваа година, како и минатата, поради КОВИД-пандемијата Патрониот празник на Училиштето се прослави со скратена програма. Во рамките на чествувањето, учениците од погорните одделенија го одбележаа празникот со спортска гимнастика и изведување драмски текст пред првоодделенците.
Раководството го честита Патрониот празник, заблагодарувајќи се за поддршката и соработката на вработените, родителите, учениците и пријателите. Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, упати честитка по повод Патрониот празник на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија, посакувајќи им на вработените и учениците успешна работа и реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство во добро здравје, со надеж дека во иднина Патронот на Училиштето