Изложба на носии и “Романтичен пикник под ѕвездите” во Гевгелија овој месец


Домот на културата „Македонија“- Гевгелија продолжува со реализацијата на својата културна програма за 2021 година.
Имено, на 27 септември, 2021 година, со почеток во 17 часот, во Фоајето на Народниот театар, организира Изложба на
фотографии од традиционални носии од збирката на младиот стружанец Љупчо Милошевски, кој ги собирал сам од теренската работа. На самата изложба, ќе биде поставен и штанд со монографија од самиот автор. Изложбата ќе биде отворена до 1 октомври, 2021 година.
Исто така, на 29 септември, 2021 година, со почеток на 20часот, на градскиот парк кај Железничка станица, во
организација на Домот на културата, музички перформанс, насловен како „Романтичен пикник под ѕвездите“, ќе имаат гевгелиските музички уметници Александар и Атанас Стојанови.
Раководството истакна дека овој настан ќе биде за уживање и на кој гевгеличани долго ќе се сеќаваат:
– „Романтичен пикник под ѕвездите“ е настанот кој ќе ја одбележи оваа година. Да ги заборавиме сите лоши моменти и за
кратко да се навратиме во времето на пикникот. Присутните ќе можат да уживаат во прекрасните ноти на пијаното и виолината, во изведба на Александар и Атанас Стојанови. За дополнително
уживање, кафетерија “Бариста” ќе понуди палета од најдобрите сортни вина по најповолни цени. Сите присутни ќе седат на перничиња на земја, кои ќе бидат обезбедени од страна на
организаторот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.