На фан страницата на рок групата “Зијан” денеска осамна интересна порака, која ви ја пренесуваме во оригинал:
За оние кои доаѓаат во медитеранската Гевгелија, а не го знаат стихот од песната „Пушти коси ветер да ги носи“ гевгелискиот професор Стефчо Стефанов, автор на книжулето „Гевгелисувајне“ има куса и интересна порака, токму онака оригинално напишана на гевгелиски.
-Ич ним ни помисљави да кајш оти си подишил гивгилиски ваздух, ако воа стих не ти са има увртено уф главта, или пу, пу не дај Боже да не знајш шо стих е, кој стих е и чиј стих е. „Зијан“ ак не ти са чуани и не са знаат- арам да тее. Ни кучиинта уф Гевгелија нема да те залаат … Повеќе за “Зијан” и за нивниот концерт во МКЦ на 7 Ноември 2024, можете да прочитате на следниов линк.