Жељко Бебек наполни 79. години 

16.12.2024
Желимир Жељко Бебек, роден на 16. декември 1945 година во Сараево, е босанско-херцеговачки и југословенски рок музичар, најпознат како прв пејач на најпознатата балканска група “Бијело дугме”.
Овој легендарен пејач го прослави својот 79. роденден во друштво на најблиските- сопругата Ружица, ќерката Катарина и синот Ѕвонимир во Лондон, каде што се наоѓа во моментов.
Жељко Бебек е роден во Бугојно. Рано покажал интерес кон музиката, забавувајќи ги гостите на својата мајка, така што пеел песни што ги слушнал на радио. Така, експериментирал со усна хармоника, ама неа ја оставил во трето одделение во основно училиште, затоа што сакал да свири гитара и да пее.
Меѓутоа, неговиот учител не се согласил со тоа, па така Жељко наместо да свири на гитара и да пее почнал да свири на мандолина. Набрзо станал најдобар мандолинист во училиште, па му дозволиле да свири гитара.
На шеснаесет години првпат засвирел во бенд, во забавниот бенд „Ехо 61“ во втора година средно училиште, каде што го запознал Корнелие Ковач, Зоран и Фадил Реџиќ. Кога се распаднала групата, Бебек продлжил да свири со браќата Реџиќ, сè додека Фадил не отишол во Индекси.
Во тоа време Едо Бодељиќ го повикал во групата “Кодекс”. Бил пејач и гитарист во групата Кодекс 1960. Околу 1960-те години, го запознал Горан Бреговиќ и почнал да пее со него.
Во 1969 година свирел во дубравачка бара „Сплендид“.
Бебек ја продолжил кариерата како пејач и повремен бас-гитарист во Бело дугме од 1974 до 1984 година.
Во 1978 година снимил соло албум со оригинален наслов “Скоро да сме исти”, албумот немал голем успех, а во 1984 година малку пред да го напушти “Бијело дугме” снимил соло албум “Мене тјера неки враг”.
Групата ја напуштил на 23 април 1984 година. Со својот авторски албум од 1985 “Жељко Бебек и Армија Б” се обидел да се врати на музичката сцена, ама без голем успех.
Групи
“Бијело дугме”, “Кодекс”…
Жанрови
Рок-музика, Поп фолк, Диско
Инструменти
вокали, гитра, бас гитара, мандолина
Период на активност
1965-до денес
Снимени албуми со “Бијело дугме”:
Кад би био бијело дугме (1974)
Шта би дао да си на мом мјесту (1975)
Ето! Баш хоћу (1976)
Битанга и принцеза (1979)
Доживјети стоту (1980)
Успаванка за Радмилу М. (1983)
Снимени соло албуми:
Скоро да смо исти (1978)
Мене тјера неки враг (1984)
Армија Б (1985)
Нико више не сања (1989)
Пјевај мој народе (1989)
Кармин пјесма и ракија (1990)
А свемир мирује (1992)
Гори свијет ти чеш га угасити (1993)
Пуца ми у глави (1995)
С тобом и без тебе (1999)
Ошини по прашини (2000)
Кад пољубац помијешаш са вином (2012)
Оно нешто наше (2017)
Мали облак љубави (2021)
Фестивали:
Boom festival
Љубљана – Ове чу ночи начи блуз (како вокал на “Бијело дугме”)
“Скопски фестивал 1974”- “Една надеж” (како вокал на “Бијелог дугме”)
Хрватски радијски фестивал
Увени невене, 2001 (Вечер на легенди)
Свијет нек’ пукне на пола, 2002
CMC фестивал, Водице
Дернек, 2013
Ожиљак, 2014
Првак свијета, 2015
Ја по кафанама, 2016
Оно нешто наше, 2016
Сто сам дана пио, 2019
Учини ме сретним, 2020
Купит’ чу нам сат, најдобра песна на фестивалот според одлука на фестивалското радио- Радио ритам и Здружението на јадранските радија, 2021
Какав отац, такав син (дует со синот Ѕвонимир Бебек), 2022
С тобом су године минуте (дует со синот Ѕвонимир Бебек), 2023, посебно признание – Легенда CMC на фестивалот
Не бој се голубице, 2024
Славонија фест CMC 200
Једном даје нам Бог (со “Тешка индустрија”), 2016
https://m.youtube.com/watch?v=G1UBOS3sseo&pp=ygUMemVsamtvIGJlYmVr
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.