“Здраво млади” по 14 пат во МКЦ

На денот на Народното востание на македонскиот народ, 11 октомври 2024 година , ќе се реализира 14. издание на фестивалот на нова музика “Здраво млади” во организација на Младинскиот културен центар- Скопје.

Во рамките на програмата, публиката ќе има можност да погледне 17 различни музички артисти од 6 земји од Европа.

Оваа година, програмата претставува вистинско изобилство од музички артисти кои пленат со своите настапи во живо, претставувајќи сериозна музичка разгледница од светот.

Во рамките на програмата селектирана од младата издавачка куќа и колектив “Гола планина / Мртов коњ”, публиката ќе има можност да ги чуе младата дарквејв артистка “Ata” (Македонија), енергичните “Klotljudi” (Србија), дрон/фолк артистот “Стој, после!” (Македонија), панк-рок изведувачот “Dimish” (Македонија), инди составот “Zanadu” (Македонија), психоделичните “Vagina corporation” (Македонија) како и диџеите Пепи и Шабан.

Оваа година, Младинскиот културен центар оствари тесна соработка со Холандската амбасада во Скопје, каде со нивна организациска и финансиска поддршка, како и поддршката од партнерите од европската мрежа “Liveurope”, ќе се реализира музичката програма насловена како “Liveurope & nl” селекција. Во неа, публиката ќе ги проследи настапите на иновативните “Velocity made good” (Холандија), експлозивното трио “Housepainters” (Холандија), соло проектот и хрватскиот хит “Idem” (Хрватска), панк изведувачот “Tandara” (Хрватска) како и полските џез експериментатори “Kosmonauci” (Полска).

во соработка пак со холандската издавачка куќа “Yugofuturism”, “Здраво млади” ќе ги нагости интензивното нојз трио “Texoprint” (Холандија), андерграунд нојз- поп сензацијата “Søwt” (Холандија), кантавторката “Eerie wanda” (Холандија / Хрватска ), како и диџеј сет на независниот промотер, агент и менаџер на издавачката куќа “Yugofuturism”, Кун Хегде или диџеј Vikendica.

Свој диџеј сет ќе има и резидентниот диџеј на “Здраво млади” уште од своето прво издание, диџеј Фиц од Ирска.

Програмата е финансиски поддржана од Министерството за култура и туризам, Холандската амбасада во Скопје и мрежата “Liveurope”.

Влезот на 14. издание на “Здраво млади” е слободен, додека програмата ќе започне во 19 часот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.