После долги години т.е. децени, кога на врвот на најбогатите во светот се наоѓаше , Британската кралица Елизабета, нештата се променија. Поради променетите критериуми, во проценување на нејзиното богатство се тргнати вредностите на кралскиот имот и збирките на уметничките дела.
Оваа година членовите на групата „Queen“ станаа побогати и од британската кралица откако по успехот на филмот „ Bohemian Rhapsody” на секој од нив им беа доделни 25 милиони фунти односно 29 милиони евра, стои на листата на богати „Sunday Timesa“.
Тројца членови на бендот заедно поседуваат 445 милиони фунти односно 552 милиони евра, додека богатството на кралицата Елизабета се проценува на 370 милиони фунти (околу 434 милиони евра), при што не се вклучени вредностите на кралскиот имот и збирката на уметничките дела.